Италијански весник објави снимка од примопредавањето на пари меѓу Боки 13, Зоки Кичеец и Камчев (ВИДЕО)

Италијански весник  La Verita објавија видео од моментот кога Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец со полна торба пари излегуваат од домот на бизнисменот Орце Камчев.

Италијанскиот весник утрово го објави видеото на кое се гледа броењето на парите, како и излегувањето на Боки 13 и Зоки Кичеец од кај Орце Камчев. Притоа е пуштен и дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Бoки 13, на кое Боки му објаснува на Камчев дека понеделник, најдоцна вторник ќе биде ослободен.

Бојан 13: „Во понеделник ќе ве ослободат.“

Орце: „Добро.“

Бојан 13: „Вторник најкасно веројатно. Врховен ќе ве ослободи.“

Орце: „Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник.“

Боки 13: „Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби.“

Орце: „А Апелација?!“

Боки 13: „Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор степен. Начелното правно лице и советот се повикова автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го продужува, да го одолговлекува, понеделник вторник вие сте на слобода.“

Видео на денот