Италијанците за Божиќ ги очекува забрана за напуштање на домовите

epa08820465 Police officers patrol in the center of Milan, during the second wave of the Covid-19 coronavirus epidemic, in Milan, Italy, 14 November 2020. Lombardy is in the red zone with the highest level of restrictions. EPA-EFE/MATTEO CORNER

За време на претстојните празници, од 21 декември до 6 јануари, Италијанците кои се враќаат од европските земји ќе мора да поминат двонеделен карантин. Ова е предвидено со владиниот указ што го потпиша премиерот Џузепе Конте.

Мерката има за цел да спречи увозот на коронавирус во случаи кога Италијанците ги посетуваат скијачките центри во соседните земји, особено во Австрија, Швајцарија и Словенија, каде се планира отворање на зимските капацитети. Сепак, италијанските планински одморалишта нема да бидат отворени до 7 јануари.

За време на празничниот период, на Италијанците ќе им биде забрането да се движат помеѓу различни региони во земјата, а на 25 и 26 декември, односно на Божиќ и на први јануари е забрането напуштање на живеалиштето. Полицискиот час трае од 22.00 до 05.00 часот, а на новогодишната ноќ ќе биде продолжен до 07.00 часот. Сите концертни и спортски сали, како и базените остануваат затворени. За време на празничниот период ќе биде запрен и водниот сообраќај.

Факторот на преносливост на коронавирус за Италија е веќе под единицата и до Божиќ сите региони ќе преминат во „жолтата зона“ на ризик, со умерена епидемиолошка опасност, додаде премиерот Конте. Вчера во Италија беа регистрирани 993 смртни случаи, што е најголем дневен раст од почетокот на пандемијата.

Глоби од 400 до 1.000 евра се изрекуваат за непочитувањето на ограничувањата во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот