Италијанците ја вклучија големата соларна централа (ВИДЕО)

Огромна електрана на Сончева енергија е отворена на северот во Италија која се протега на површина со големина колку 200 фудбалски игралишта и која ќе произведува 103 МВ.

Зад овој проект, неговата изградба на површина од 1,5 милиони квадратни метри, стои енергетска компанија од Данска, „Јуропиан енерџи“.

Новиот производител на електрична енергија во Италија со оваа електрана го достигна 17. место на листата најголеми електрани пренесуваат странските агенции.

Соларниот парк е изграден на северот од земјата, а годишното производство се проценува на 150 милиони КВЧ зелена енергија, и би ги покрила потребите за струја на околу 200 илјади жители.

Електроенергетскиот комплекс се состои од 275 илјади соларни панели.

Се проценува дека на годишно ниво ќе допринесе за намалување на емисиите од јаглерод – диоксид за околу 80 илјади тони.

– „Јуропиан енерџи“ тврди дека италијанската соларна централа е за 50 отсто поефикасна од соларните електрани постари од 5 па и повеќе години што значи дека на помал простор ќе генерира повеќе струја, со што би се намалило нејзиното влијание врз животната средина.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот