Италијанците удрија по Португалецот: Роналдо е виновен за лошата атмосфера во соблекувалната на Јувентус

Кристијано Роналдо три години го носеше дресот на Јувентус пред да се пресели во Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Торинскиот весник „Тутоспорт“ открива дека Кристијано Роналдо правеше раскол помеѓу фудбалерите на Јувентус додека го носеше „црно-белиот“ дрес.

Според весникот, Роналдо кој во летниот преоден рок беше продаден на Манчестер јунајтед, имал привилегиран статус во Јувентус и тоа им почнало да им пречи на одредени фудбалери.

„Роналдо постојано ги кршеше правилата во соблекувалната и тоа почна да им пречи на останатите фудбалери. Јувентус беше специфичен по тоа, дека сите се исти и нема привилегирани, но тоа не беше случај со Роналдо. Фудбалерите почнаа да чувствуваат дека правилото не важи за сите и тоа можеше да се примети и на самите натпревари“, пишува „Тутоспорт“.

На истата тема зборуваше и еден од најискусните фудбалери на Јувентус, Леонардо Бонучи кој изјави дека играчите почнаа да очекуваат Португалецот со еден потег да ги реши натпреварите.

– Неговото присуство имаше големо влијание на нас. Самиот тренинг со Роналдо ни донесе нешто ново во екипата, но играчите потсвесно почнаа да мислат дека неговото присуство е доволно за да победуваме – изјави Бонучи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот