„Азурите“ ќе имаат голема поддршка од навивачите на дуелот со Македонија/ фото: EPA-EFE/Andy Rain

Италијанците ќе имаат максимална поддршка во баражот со Македонија, билетите распродадени за два часа

Фудбалската репрезентација на Италија ќе има голема поддршка на бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар против Македонија бидејќи билетите за дуелот кој треба да се игра во Палермо, беа распродадени за помалку од два часа.

Капацитетот на стадионот „Ренцо Барбера“ има капацитет од 26.000 седишта, но поради протоколите во Италија дозволено е на трибините да има нешто повеќе од 20.000 фанови на трибините.

Италијанските медиуми шпекулираат дека до 24 март можно е да се подобри епидемиолошката состојба во земјата и здравствените власти да дозволат стадионот да биде исполнет до последно место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот