Италијанци украдоа перници, чаршафи и крпи од хотел во Саранда (ВИДЕО)

фото-принтскрин јутуб Саранда

Уште еден случај во Хотел во Саранда, по случајот на четворица италијанци кои ненајдено побегнаа од ресторанот во Берат, за да не ја платат сметка од 80 евра.

Сопствениците на хотелот ги објавија сликите за да го осудат случајот кога италијанските туристи украле чаршафи, перници и крпи. Видеото го објави „Саранда веб“, а менаџерите на хотелот напишаа:

„Ве молиме објавете го видеото, видете како ни крадат Италијанците. Ја чистиме собата и ни недостасуваат перници, навлака, чаршаф и пешкир. Ги оставиле куферите и дошле да ги земат во 16 часот и 30 минути. Кога им кажав дека во собата ги нема перницата, крпата и чаршафот, тие рекоа дека не знаат ништо. Имаа земено торба со себе, кога отидов и реков донесете ја торбата, ја проверивме и ги најдовме. Воопшто не беа импресионирани, само рекоа, прости ни, и како и секогаш, кога ќе фатиме крадец, му простуваме“.

Малку порано со јавна реакција излегоа и сопствениците на ресторанот во Берат, од каде му се заблагодарија на италијанскиот премиер за уплатата, додека посочија дека парите ќе ги чуваат како спомен. За сопствениците целата оваа врева им добро им послужи, бидејќи градот Берат доби голем публицитет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saranda Web (@saranda.web)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот