Италија: Поранешниот премиер Ренци станува главен уредник на весник
Поранешниот италијански премиер Матео Ренци денеска изјави дека својата политичка кариера како сенатор и лидер на центристичката партија „Италија Вива“ ќе ја спои со функцијата што ќе ја преземе како главен уредник на печатен медиум.
Препорачано
Британските медиуми пренесуваат дека Ренци ќе го преземе водењето на весникот „Реформиста“, мало либертаријанско издание познато по критиките на италијанскиот судски систем, за кое има напишано и книга.
-Ќе бидам уредник една година – од 3 мај 2023 до 30 април 2024 година, а потоа ќе видам што ќе правам, рече 48-годишниот политичар на прес-конференција во Рим.
Ренци беше на чело на владата на левиот центар од 2014 до 2016 година. Поднесе оставка по поразот на уставниот референдум, но продолжи како лидер на Демократската партија додека не ги загуби изборите во 2018 година. Подоцна ја основа партијата , која во коалиција со друга партии освои осум отсто од гласовите на парламентарните избори минатата година, со што беше реизбран за член на Сенатот – Горниот дом на парламентот, потсетуваат британските медиуми.
Во Италија пратениците, односно сенаторите, имаат право да работат и во други области надвор од политиката.


