Грета Тунберг на протестната блокада за спас на Дошница на Кожуф / Фото: Валентина Живковиќ / Слободен печат

Истурила боја во Големиот канал: На Грета Тунберг ѝ е забранет влез во Венеција

На шведската активистка Грета Тунберг ѝ е забранет влез во Венеција и таа е казнета со 150 евра, откако со група активисти од организацијата „Extinction Rebellion“ истуриле зелена боја во Големиот канал во италијанскиот град, објави „Дејли мејл“.

Властите во Венеција воведоа 48-часовна забрана за влез за Тунберг, велејќи дека таа е „позаинтересирана за самопромоција отколку за заштита на животната средина“.

Инцидентот се случил за време на викендот, кога околу 35 активисти протестирале против уништувањето на животната средина.

Тие носеле транспарент на кој пишувало „Стоп на екоцидот“, истуриле зелена и црвена боја во Големиот канал и „марширале“ низ групи туристи со шамии, објавува Дејли меил.

Гувернерот на Венето, Лука Заја, ја осудил акцијата на активистите како „непочитување кон Венеција, нејзината историја и нејзината кршливост“.

„Уште повеќе сум изненаден што ја гледам Грета Тунберг меѓу авторите на овој бескорисен протест, кој јасно има за цел – повеќе од подигање на свеста за животната средина, да си даде видливост“, рече тој.

Други активисти исто така беа казнети со истата казна.

Активистите на „Бунтот против истребувањето“ спроведоа слични акции во други италијански градови – Болоња, Џенова, Милано, Падова, Палермо, Парма, Трст, Торино и Таранто, наведувајќи дека нивната цел е да ја подигнат свеста за „масивните последици од климатскиот колапс“, а ја избраа Италија затоа што наводно е една од земјите што е најпосветена на спречување на усвојувањето на предлозите презентирани на самитот COP30.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот