Фото: EPA -EPA/MIKE NELSON

Истражување тврди дека е пронајден „огромен подземен град“ под египетските пирамиди, но експертите се скептични

Тим научници од Италија и Шкотска тврдат дека откриле голем подземен град под древните египетски пирамиди во Гиза. Студијата, спроведена од Корадо Маланга од италијанскиот универзитет во Пиза и Филипо Бионди од шкотскиот универзитет „Стратклајд“, користела радарски импулси за да создаде слики со висока резолуција од подземни структури.

Според нивните наоди, наводниот подземен систем се протега на над 2.000 метри и вклучува осум вертикални, цилиндрични структури кои достигнуваат длабочина од над 650 метри, со дополнителни формации пронајдени на длабочина од дури 1.200 метри.

Скептицизам кај експертите

И покрај возбудата, многу експерти ги оспоруваат овие наоди. Имено, истражувањето не е рецензирано, а се покрена загриженост во врска со ограничувањата на технологијата што се користи.

Не е возможно технологијата да навлезе толку длабоко во земјата, што ја прави идејата за подземен град огромно претерување, изјавил за „Дејли мејл“ професорот Лоренс Конјерс, експерт за радари од американскиот универзитет во Денвер.

Тој призна дека мали структури, како што се комори и шахти, може да постојат под пирамидите, бидејќи античките цивилизации често граделе споменици над светите места.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Користени техники за подземно тестирање

Маланга и Бионди претходно објавија рецензирана студија во октомври 2022 година, во кое тие идентификуваа скриени простории и рампи во Kефреновата пирамида. Нивната нова студија применила слични радарски техники, засилени со сателитски податоци, за да го испита подлабокото подземје под пирамидите во Гиза.

„Огромен подземен град е откриен под пирамидите“, рекла Никол Чиколо, портпаролка на проектот.

Таа ги опиша структурите како „прозорци“ распоредени во паралелни редови, опкружени со спирални патеки, кои потенцијално служат како пристапни точки.

Чиколо предложи врска помеѓу нивното откритие и легендарните сали на Аменти. Овие нови археолошки наоди би можеле да го редефинираат нашето разбирање за светата топографија на древниот Египет, истакнала таа.

Непотврдени заклучоци и идни истражувања

Студијата останува необјавена во ниту едно научно списание, во очекување на научни прегледи. Професорот Конјерс истакна дека за дефинитивен доказ ќе бидат потребни насочени ископувања. Истражувањата се очекува да продолжат во текот на 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот