Истражувања на Антарктикот покажуваат: Изолацијата го менува вашиот мозок

Во изминатите неколку месеци, фразата „социјално дистанцирање“ несомнено влезе во нашето секојдневие. Многумина од нас се најдоа одделени од семејството и пријателите – или барем од нашите вообичаени социјални животи.

Додека луѓето се борат со изолација предизвикана од пандемија, научниците објаснуваат што се случува со нашите мозоци кога нашиот социјален контакт со другите е драматично намален.

Тим Хајтленд од „Alfred Wegener Institute Helmholtz Center for Polar and Marine Research“ во Германија поминал 14 месеци на Антрктикот во периодот од 2016 до 2018 година.

Кога се вратил, секојдневниот живот бил поразличен – сè, од боите и вегетацијата, до сите други луѓе. Дел од шокот можеби дошол при враќањето со „поинаков мозок“ од оној пред патувањето.

Додека членовите на екипажот на Хајтленд го спроведувале истражувањето на најзамрзнатиот континент на земјата, тие самите биле проучувани од истражувачи заинтересирани за тоа како екстремните работни средини можат да предизвикаат невролошки промени.

EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Истражувањето покажало дека повеќето од луѓето во тимот на Хајтлент изгубиле волумен во деловите од нивниот хипокампус, дел од мозокот одговорен за просторна навигација, учење и обработка на емоции.

Феноменот е сличен на она што научниците веруваат дека им се случува на затворениците кои се сместени во самици, каде социјалната изолација може да доведе до посттрауматско невролошко нарушување.

Ова истражување изгледа особено релевантно сега, кога огромен број луѓе поминуваат сѐ повеќе и повеќе време сами.

Некои научници се надеваат дека работите ќе се раздвижат до момент на интервенција што се спротивставува на последиците од изолација пред да предизвика долгорочни проблеми кај глобалното население!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот