Истрагата за украдениот накит од Лувр води кон „белгиското подземје“
Француската и белгиската полиција трагаат по накит вреден 102 милиони долари украден од Лувр, а истрагата води кон „подземјето“ на индустријата за накит во Антверпен, за која се верува дека со години служи како канал за перење украден накит од цела Европа, објави Ројтерс.
Препорачано
По грабежот, белгиската полиција добила предупредување преку мрежата „Розов дијамант“, која ја следи Европол, за можни обиди за продажба на украдениот накит. Истражителите ги проверуваат безбедносните снимки, француските регистарски таблички и ги предупредиле локалните златари да не ги купуваат препознатливите парчиња.
here are the jewels that were stolen from the louvre museum in seven minutes, worth several million euros, including several jewels that could not be valued pic.twitter.com/4FCWShExgS
— ✭ (@badestoutfit) October 21, 2025
Француските власти водат постапка против четири лица, но накитот сè уште не е пронајден. Антверпен, светски центар за трговија со дијаманти, има и „растечко подземје“ поврзано со нелегална трговија со злато и скапоцени камења, а некои златари, според извештаите, се вмешани и во перење криминални пари.
Иако Антверпен често бил крајна дестинација за украден накит, полицијата смета дека овојпат пленот тешко ќе најде купувач, бидејќи скапоцените камења од Лувр се уметнички препознатливи и речиси невозможно е да се препродадат.


