Истовремено заболување од сезонски грип и коронавирусот е катастрофално: Еве што се случува на организмот

Фото: Профимедиа

Есента се ближи, а со неа и сезонскиот грип. Експертите се согласни дека истовремено заболување од сезонски грип и корона вирус би било катастрофално за имунитетот.

„Кога ќе добиете грип или некој друг респираторен вирус, тоа ќе го ослаби вашиот организам. Вашата одбрана паѓа, станувате ранливи и погодни за добивање други инфекции“, вели Сима Јасмин, директорка на Стенфордската иницијатива за здравствена комуникација.

И корона вирусот и грипот можат да ги нападнат белите дробови, потенцијално предизвикувајќи воспаление, вода во градите или застој на респираторните функции. Секоја болест, освен тоа, може да биде причинител на сепса, воспаление на срцето, мозокот или мускулното ткиво. Но, се уште немаме податоци врз основа на кои може да знаеме што точно ќе се случи ако некој заболи од двата вируса одеднаш.

Професорот по медицина и стручњак за интензивна нега на Универзитетот во Сан Франциско, Мајкл Матеј, вели дека потенцијалот за воспаление на белите дробови ќе биде поголем ако телото се зарази и со грип и со Ковид-19.

„Тие два вируса заедно дефинитивно можат да наштетат на градите и да предизвикаат респираторни проблеми. Акутно загушување на дишните патишта може да биде опасно по живот“, вели тој.

Единствениот симптом која дефинитивно ги разликува двата вируса е губењето на вкус и мирис, кој е карактеристичен за корона вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот