Историски пад на производството во Германија

Индексот на очекувани производни активности потона на минус 51,4 поени.

Германските индустријалци очекуваат историски пад на производството, покажуваат резултатите на анкетата спроведена од Институтот „IFO“ во Минхен. Индексот на очекувани производни активности за наредните три месеци падна на минус 51,4 поени во април од ниво на минус 21,4 во март, се наведува во соопштението на Институтот кое го објави „Танјуг“.

Ова е најниската вредност на овој показател од повторното соединување на Германија. Во екот на глобалната финансиска криза во декември 2008 година, овој индекс изнесуваше минус 42,9 бодови.

– Падот на очекувањата во производството станува се подлабок. Единствено производителите во фармацевтската индустрија чувствуваат оптимизам во поглед на иднината. Нивниот индекс од минус 19,4 бода се искачи на плус 13,8 поени во април, вели Клаус Вохлреб, шеф за истражување во институтот во Минхен.

Кај производителите напроизводи од гума и пластика индексот потона од минус 33 поени во март на минус 55 бодови во април, а во автомобилската индустрија овој индекс падна од минус 36 на минус 42 поени во април.

Песимизмот преовладува и кај германските производители на храна, каде е забележан пад на индексот од плус 3 на минус 17 поени.

Исклучителен пад се очекува да биде регистриран кај индексот на очекувано производство на кокс и нафтени деривати, каде е забележан пад од минус 0,1 на минус 92 поени.

Производителите на мебел, облека, производи од стакло и електрична опрема исто така се исклучително песимисти во поглед на своите очекувања за производни активности во блиска иднина.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот