Испливаа жешки детали од љубовниот живот на Бекамови

Instagram
Instagram

Поранешната спајсица и модната дизајнерка Викторија Бекам многумина ја сметаат за престрога и повлечена. Тоа е така бидејќи таа ретко се смее во јавноста, а таков глас ја следи веќе неколку години. Сепак, се чини дека славната Британка не е ниту малку повлечена во креветот.

Имено, Викторија досега во неколку интервјуа раскажа дека меѓу неа и нејзиниот сопруг, Дејвид Бекам се уште има многу искри како на почетокот.

„Секоја ноќ одиме заедно во кревет со Дејвид, но би било погрешно доколку кажам дека одиме да спиеме“, изјави таа во една прилика, а призна дека во својот прв дом имале посебна соба за игри.

Таа била целосно бела со голем кревет од даб, а на плафонот имале огледало и леопард принтови.

Дизајнерката се фалеше и дека Дејвид е многу надарен „Голем е. Огромен. Доколку јас така изгледам, би одела на улица во гаќички“, откри таа и се пофали дека интимните делови на Дејвид Бекам не ги фотошопираат во рекламите за долна облека.

Таа призна дека во кревет не сака да биде облечена, но дека секогаш со задоволство ја носи долната облека која и е подарок од него.

Парот е заедно од 1997 година, неколку пати досега имаа проблеми со наводни афери на сопругот, и имаат четири деца, па како семејство изгледаат недопирливи.

Видео на денот