Кралот Чарлс Трети / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Испливаа бизарни детали за кралот Чарлс: Му ги пеглаат врвките од чевлите, синот си го нарекува будала

Британскиот новинар и писател Омид Скоби (42), кој во својата нова книга „Последна игра“ се фокусира на кралското семејство, го опиша кралот Чарлс како „разгален член на кралското семејство на кого слугите му ги пеглаат и врвките на чевлите“, пренесува „Сан“.

Тoj тврди дека кралот инсистира да спие на луксузна и совршено испеглана постелнина кога патува. Омид наведува и дека тој бара од персоналот да му исцеди точно два сантиметри од пастата за заби.

Во книгата „Последна игра“, која ќе пристигне во англиските книжарници на 28 ноември, новинарот пишува и за врската на кралот со принцот Хари.

Според Омид, кралот го нарекува својот син „онаа будала“, откако беше објавен документарниот филм на принцот на Нетфликс. Тој исто така истакна дека Чарлс ги искористил проблемите со Хари во една прилика за да го подобри неговиот имиџ во јавноста.

Меѓутоа, во новата книга Омид не пишува само за кралот. Тој, исто така, ја критикува Кејт Мидлтон, која ја опишал како „жена која е преплашена да направи сè освен да се насмее за фотографите“.

За принцот Вилијам напишал дека „сè повеќе се здружува со дворјаните од палатата кои смислуваат валкани планови“ и дека никогаш не му се допаѓала сопругата на неговиот помлад брат, Меган Маркл.

Омид исто така тврди дека Чарлс е љубоморен на Вилијам поради неговата позиција и дека е свесен дека неговото владеење е преодно.

Инаку, Омид е автор и на книгата „Наоѓајќи ја слободата“, во која пишува за одлуката на Хари и Меган да се преселат во Америка.

По секоја цена сакал да спречи една работа: Кралот Чарлс ја исфрли саканата асистентка на кралицата Елизабета

ФОТО+ВИДЕО | „Главна“: Принцезата Шарлот го опоменa својот помлад брат Луис и стана вирален хит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот