По секоја цена сакал да спречи една работа: Кралот Чарлс ја исфрли саканата асистентка на кралицата Елизабета

Крал Чарлс Трети/ Анџела Кели/Фото: Профимедиа/ Принтскрин/ Инстаграм

Кралот Чарлс Трети ја исфрли од дворецот Анџела Кели, омилената асистентка на неговата мајка кралицата Елизабета Втора, пишуваат британските медиуми. Иако Анџела (која почнала да работи за кралицата како гардероберка уште во 1994 година), верувала дека новиот владетел ќе ѝ дозволи да живее во куќичката во Виндзор хоум парк, тоа не се случило, пишува „Пејџ сикс“.

Наместо тоа, Чарлс ја оставил жената која ја уживаше апсолутната доверба на неговата мајка далеку од „олтарот“ и сега таа живее речиси 300 километри подалеку, на семејниот имот Виндзор во областа Пик дистрикт во северозападна Англија.

„Кралот со овој потег направи сѐ за да ја спречи Анџела Кели да ја напише својата трета книга заснована на богатото искуство што го стекна блиску соработувајќи со покојната кралица. Нејзината тема требаше да биде прилично бенигна – Љубовта на Елизабета кон коргите што ја имаше целиот живот – но Чарлс очигледно имал причина да биде претпазлив“, рекол извор од кралската палата.

Затоа што Анџела многу нешта видела, слушнала и знаела за динамиката на односот во најпознатото семејство во светот. Таа, наводно, веќе го имала благословот на кралицата да ја напише оваа книга, која со тоа сакала да ѝ се заблагодари за нејзината верното служење на Круната и да ѝ обезбеди мирна старост. Кралот сега ѝ ги расипал тие планови – пишуваат британските медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот