Исплива тајниот договор на Роналдо и Георгина, еве што ќе добие ако фудбалерот ја остави

Фото: Инстаграм/Кристијано Роналдо/Георгина Родригез

Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез наводно потпишале договор за поделба на имотот доколку ја прекинат врската.

Фудбалерот Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез се еден од најпопуларните парови на денешницата и додека целиот свет чека да види дали тој ќе ја однесе до олтар, протекоа информации што ќе се случи доколку ја прекинат врската.

Според пишувањето на шпанските медиуми, двајцата склучиле договор според кој таа ќе добие значителен износ на пари и имот. Поточно, на Георгина ќе и семејната куќа во Мадрид – Ла Финка и до крајот на животот на сметката треба да добива 100.000 евра.

„Форбс“ го прогласи Роналдо за најплатен спортист во светот, со неговата годишна заработка оваа година надминува неверојатни 109 милиони фунти.

Тој и Георгина се заедно од 2016 година, а заедно имаат две биолошки деца, Алан Мартин и Бела Есмералда и три кои ги роди сурогат-мајка, Кристијан Роналдо помладиот и близнаците Ева и Матео.

Договорот според кој Георгина треба да се стекне со сопствено богатство се заснова на тоа дека таа според законот е мајка на пет деца, а не само на нејзините биолошки ќерки.

Неодамна почнаа да кружат гласини дека ја прекинале врската затоа што на Роналдо му здодеало неконтролираното трошење на Георгина, но неговата мајка Долорес ги прогласи гласините за лажни.

Двојката деновиве беше во центарот на вниманието откако снимката на која се гледа Кристијано како превртува со очите кон Георгина стана вирална. На прашањето дали ќе се омажи за Кристијано, Георгина одговори „секако“, а тој изненадено реагираше, така што камерите се снимија. Како што пишуваат странските медиуми, тој така реагирал затоа што, пред се, бил затечен што Георгина воопшто одговорила на тоа прашање.

„Преку глава му е од неа“: Кристијано Роналдо и Георгина Родригез имаат криза во врската?

ФОТО | Роналдо и Георгина Родригез го прославија шестиот роденден на близнаците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот