„Преку глава му е од неа“: Кристијано Роналдо и Георгина Родригез имаат криза во врската?

Фото: Инстаграм/Кристијано Роналдо/Георгина Родригез

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез неретко ја покажуваат својата љубов на социјалните медиуми. Исто така, таа романтична идила е претставена и во реалното шоу „Soy Georgina“ на Родригез, пишува „Марка“.

Спортистот и инфлуенсерката живеат без контроверзии и скандали во јавноста, иако одвреме-навреме кружат гласини за можна криза во нивната врска. Последната таква гласина доаѓа од една португалска телевизија, од каде тврдат дека на спортистот „му е доста од неа“.

Георгина Родригез и Кристијано Роналдо / Фото: Инстаграм/Кристијано Роналдо

Според водителите на португалската емисија „Noite das Estrelas“ („Ноќ на ѕвездите“), сѐ појасни се знаците за кризата меѓу поранешниот играч на Реал Мадрид и неговата долгогодишна девојка. Наводно, Кристијано Роналдо е уморен од однесувањето на Георгина Родригез, кое тие го објаснуваат како „далечно од реалноста“, „исфорсирано“ и „несериозно“.

Во конкретната емисија гостувал и психологот Квинтино Ариес, кој го анализирал однесувањето на парот во последните недели на јавните настани.

„Неодамнешното однесување на Кристијано Роналдо покажува две работи: дека неговиот приватен живот не е во момент на среќа и дека колку повеќе се оддалечува од својата мајка Долорес Авеиро, толку е помалку темпераментен. А сите знаеме зошто е сѐ пооддалечен од своето семејство“, рече Квинтино.

Георгина Родригез и Кристијано Роналдо / Фото: Инстаграм/Георгина Родригез

Новинарот и водител на емисијата, Даниел Насименто искоментирал: „Кристијано Роналдо не е среќен. Георгина ги поминува деновите во трговските центри и тоа е една од причините зошто на Кристијано оваа приказна веќе не му е смешна. Таа само троши, троши, троши. А најлошо од сѐ, мисли дека е на нивото на Кристијано. Се става на пиедестал и тоа воопшто не му се допаѓа“.

Другиот водител на емисијата, Лео Каеиро додал: „Јас го кажувам ова со месеци. Не им оди добро и, веројатно, ќе се разделат. Реалноста е дека на Кристијано Роналдо му е преку глава од неа. Тоа е реалноста. Јас сметам дека нема да им се случи свадба“.

Кристијано Роналдо и Георгија Родригез со децата / Фото: Инстаграм/Георгина Родригез

Сепак, во емисијата била и пријателката на Кристијано Роналдо, Филипа Кастро, која ја одбранила двојката.

„Можам да ви потврдам од сто проценти сигурен извор дека на нив им оди многу одбро. Ова се само приказни, озборувања и измислени работи од луѓе кои не можат да ја поднесат Георгина. Тие се луѓе кои имаат многу љубов за давање“, рекла таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот