Новиот систем за противвоздушна одбрана „Ред Скај“ на „Елбит“ продаден на првиот клиент

„Елбит системи“ минатата недела го проби на пазарот новиот систем за противвоздушна одбрана „Red Sky“, објавувајќи дека системот кој располага сопроектили со краток дострел го добил својот прв меѓународен клиент, објавува „breakingdefense“.

Компанијата на 30 април објави договор од 50 милиони долари за својот систем за противвоздушна одбрана. Во објавата не не се прецизира кој е купувачот, па дури и регионот во кој е купен системот, како што е често типично за израелската индустрија, но се обзнани дека договорот покрива период од две години.

Јехуда „Уди“ Веред, генерален директор на „Елбит системс“, изјави дека ова е „првиот меѓународен клиент за овој систем, кој споредд производителот покрива три слоја“.

Името „Red Sky“ претходно се однесуваше на постар систем за противвоздушна одбрана, за кој Веред вели дека е „сосема различен“ систем. Бретходниот постар систем беше купен од „Елбит“ во 2018 година, а сегашниот „Red Sky“ беше развиено во последните три години.

„Елбит“ го опишува системот како „Тактички систем за воздушна одбрана со многу краток дострел дизајниран да обезбеди заштита од воздушни закани на мала надморска височина.

Го вклучува решението за електронско војување „Redrone“ на компанијата, кое е дизајнирано да се спротивстави на беспилотни системи и вклучува „DAiR радар, сензори за сигнално разузнавање, RF Jammer и електро-оптичко оптоварување COAPS-L“.

Веред додава и дека системот вклучува радар, како и врски со ракетен систем од 30 милиметри за соборување закани во опсег од седум километри.

Единствениот дел од системот што не го снабдува „Елбит“ се ракетите, кои ќе бидат интегрирани со се што сака да користи клиентот.

Веред ја нагласи способноста системот да биде флексибилен, што би требало да му овозможи да одговори на новите закани во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот