Претседателски избори: Најголема излезност во Новаци, најмала во Липково

Прв круг Претседателски избори/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Најголема излезност на претседателските избори има во Новаци-72,76% додека најмала во Липково со 7,35%. Споредбено со претходните претседателски избори има помала излезност за 3 отсто.

На парламентарните избори до 19 часот гласале 887.767 илјади гласачи или 53,30 отсто. Најголема излезност за парламентарни избори имало исто така во Новаци со 74.85% додека најмала во Центар Жупа со 18,62%. Излезноста е поголема за 7 отсто за разлика од претходните избори.

По изборни единици најголема излезност на парламентарните избори имало во Изборна единица 1 – 59,32%, а потоа следат ИЕ4 со 58.36%, ИЕ3 57.77%, ИЕ2 52.39% додека најмала има во Изборна единица 6 40.40%.

„Изборите беа фер и демократски, успешно организирани и професионално спроведени“ рече претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

ВО ЖИВО | Избори 2024 – вести од минута во минута

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот