Почина Стив Албини, познатиот продуцент кој соработуваше со „Нирвана“ и Пи Џеј Харви

Стив Албини / Фото: Profimedia

Стив Албини, еден од најценетите музички продуценти на денешницата и икона на независната рок сцена, почина од срцев удар на 61-годишна возраст.

Музичарот, кој се стекна со слава кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години, продуцирајќи музика за „Пиксис“, „Нирвана“ и Пи Џеј Харви, почина во неговото музичко студио во Чикаго, објави денеска порталот „Њу мјузикал експрес“.

Смртта на продукцискиот гигант, наводно, ја потврдиле вработените во студиото.

Албини првично беше член на неколку американски андерграунд бендови пред да ги продуцира значајните албуми „Surfer Rosa“ (1988) на „Пиксис“, „In Utero“ (1993) на „Нирвана“ и „Rid of Me“ (1993) на Пи Џеј Харви.

Тој беше голем противник на музичката индустрија, сметајќи ја за експлоататорска и насочена кон стилска хомогенизација на уметниците. Исто така, често одбивал да биде платен за својата работа, сметајќи дека е неетички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот