Пукање пред вилата на познатиот рапер Дрејк: Застрелан член од неговото обезбедување

Дрејк / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Член од обезбедувањето на Дрејк е тешко повреден при пукање пред вилата на раперот во Торонто, пишува „Дејли мејл“.

Инцидентот се случил во луксузниот кварт Бридл Пате, нешто по 2 часот по полноќ. Еден маж е пронајден тешко повреден на улица и итно е пренесен во болница.

Не е јасно дали раперот бил дома, иако странските медиуми пренесуваат дека наводно тој не бил присутен за време на инцидентот. Осомничениот со автомобил побегнал од местото и сè уште е во бегство.

Извори за „Торонто Сан“ потврдиле дека жртвата на пукањето бил чуварот на Дрејк, а очевидците го опишале инцидентот како „пукање во минување со автомобил“.

Областа околу вилата е под полициски надзор.

Инаку, пукањето се случило во периодот кога трае судирот меѓу Дрејк и раперот Кендрик Ламар.

Расправијата започна кога Ламар се нафрли на канадскиот рапер и Џеј Кол во неговата песна „First Person Shooter“. Додека Кол се откажа од расправијата, Дрејк продолжи да се кара со Ламар и двајцата разменуваа навреди во текот на целата недела. Во песните Дрејк го обвинува Ламар за семејно насилство, а Ламар тврди дека Дрејк има „тајна ќерка“ која ја крие од јавноста.

ВИДЕО | Дрејк изненади обожавателка болна од рак со 100.000 долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот