ФОТО | Роналдо и Георгина Родригез го прославија шестиот роденден на близнаците

Фото: Инстаграм/Георгина Родригез

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез организираа тематска прослава по повод шестиот роденден на близнаците Ева Марија и Матео.

Иако близнаците се родени на 8 јуни, нивните родители им го прославија роденденот неколку дена порано. Девојчето доби торта со малата сирена, а момчето – торта со фудбалски мотиви.

„Мои сакани, среќен роденден. Тато се гордее со вас“, напиша фудбалерот во описот на фотографијата, на која позираат Роналдо и Родригез покрај славениците, нивниот постар брат Кристијано Роналдо Џуниор и нивната помала сестра Алана Мартина.

Покрај нив, парот има уште една ќерка Бела Есмералда, која Роналдо и Родригез ја добија минатата година. За жал, нејзиниот брат близнак почина по раѓањето.

Георгина Родригез / Кристијано Роналдо
Фото: Инстаграм/Георгина Родригез
Георгина Родригез / Кристијано Роналдо
Фото: Инстаграм/Георгина Родригез
Георгина Родригез
Фото: Инстаграм/Георгина Родригез

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот