Исплива на површина последната желба на кралицата Елизабета Втора: Таа сака да биде запаметена како праведен владател!

Профимедиа

За здравјето на британската кралица Елизабета Втора (94) се пишува веќе со години, а последните месеци многу странски медиуми пишуваа за нејзиното лошо здравје.

Иако Бакингемската палата досега ги демантираше сите тврдења, магазинот Глоуб повторно пишува дека кралицата нема многу долго да живее, а сега ја откриле и нејзината последна желба.

Всушност, како што открил изворот, скандалот кој го потресе кралското семејсто минатата година во кој беше нејзиниот најдраг син, 60-годишниот принц Ендру вплеткан во секс афера во која починатиот Џефри Епстајн бил осуден како сексуален предатор, нанесе многу штета во семејството. Но, сега дојде време споменатиот принц да плати за стореното.

Иако принцот Ендру по своја волја се откажа од кралските должности исто како принцот Хари и Меган Маркл, за 94-годишната кралица тоа не беше доволно и сега одлучи да го разреши од неговата титула.

Како што навел неименуваниот извор, последната желба на кралицата пред нејзината смрт е да на својот син му ја одземе кралската титула поради лошиот публицитет кој во последните неколку месевци го упатил кон кралското семејство.

„Ендру ја изгуби репутацијата, кралската работа, платата, а наскоро и титулата. Не може да го избегне соочувањето со законот. Ќе добие тоа што го заслужи“, заклучил изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот