Испадна скапиот Фулам

Фото: Принтскрин

Екипата на Фулам минатото лето издвои 130 милиони евра на засилувања, но тоа не ѝ помогна на пет кола до крајот од сезоната да испадне од Англиската премиер лига.

По поразот од Вотфорд (1:4) во натпреварот од 33. коло од првенството на Англија, Фулам ги загуби и теоретските шанси за опстанок.

Во моментов, тимот од Лондон има 17 бода, 16 помалку од Барнли, првиот надвор од зоната на испаѓање.
Така, Фулам по само една сезона помината во Премиер лигата, повторно ќе ја напушти елитата.
Претходно, Хадерсфилд ги загуби шансите за опстанок.

Најблиско до третото место кое го загрозува прволигашкиот статус е Кардиф, кој заостанува пет бода зад Барнли, Саутемптон и Брајтон.

Во битката за водечките позиции на табелата, сериозен удар доживеаја фудбалерите на Манчестер јунајтед, кои загубија од Вулверхемптон со 1:2.

„Ѓаволите” имаат за што да жалат бидејќи одлично почнаа и со голот на Мектоминеј стигнаа до водство, но потоа им се случи фијаско и самите му ја подарија победата на домаќинот.

Пред крајот на првото полувреме Фред катастрофално прими топка на сопствената половина, по што „волците” казнија и преку Јота го израмнија резултатот. Во вториот дел Јунајтед најпрвин остана со играч помалку по заслужениот црвен картон на Ешли Јанг, a дното на мечот беше допрено кога Смолинг со автогол им ги подари трите бода на домашните фудбалери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот