Исламска држава објави фотографија од четворицата терористи што го извршија нападот во Москва

Терористичката организација Исламска држава објави видео за кое тврди дека е снимка од нападот на трговскиот центар Крокус Сити во Москва. Со оглед на тоа што се работи за вознемирувачко видео, нема да го објавиме. Вчера, Амак, Телеграмскиот канал на ИСИЛ, објави фотографија од четворица маскирани мажи за кои тврди дека биле вклучени во нападот.

На видеото кое трае минута и половина се гледа како терористите отвораат оган врз цивили со автоматско оружје.
Видеото кое со молскавична брзина се прошири низ социјалните мрежи, првично го објави агенцијата Амак, „официјалните медиуми“ на терористите на Исламската држава.
Исламска држава презеде одговорност за терористичкиот напад кој се случи во петокот вечерта во Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот