Иско потпиша нов договор со Бетис

Фото: EPA-EFE/VLASTIMIL VACEK

Шпанскиот фудбалер Иско се согласи да го продолжи договорот со Бетис до јуни 2027 година, објави денес овој клуб.

Иско (31) во јули оваа година потпиша договор со Бетис до 30-ти јуни наредната година. Шпанецот сезонава одигра 23 натпревари за клубот од Севиља и постигна три гола.

Пред Бетис, Иско играше за Севиља, Реал Мадрид, Малага и Валенсија. За репрезентацијата на Шпанија одигра 38 натпревари и постигна 12 гола.

Бетис во овој момент е на седмото место на табелата во Ла Лига со 28 бодови од 18 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот