„Исфрлете ги валканите кучки“: Феминистките ја тужат Брижит Макрон за навреда
Здружението на француски феминистки „Хистерични плетачки“ денеска објави дека поднело колективна тужба против сопругата на францускиот претседател, Брижит Макрон, за навреда.
Препорачано
Здружението ја обвинува првата дама на Франција дека ги нарекла феминистките кои го прекинаа настапот на комичарот Ари Абитан во Фоли Берже во Париз на 6 декември како „валкани кучки“, објавува телевизијата BFM.
„Оваа тужба е поднесена во име на 343 жени и здруженија кои колективно и индивидуално се чувствуваат повредени од оваа изјава. Тужбата е покрената и ја водат „Хистерични плетачки“, со поддршка на две други феминистички организации, 3egales3 и MeTooMedia“, наведува здружението.
Бројот 343 има симболично и политичко значење, директно упатувајќи на Манифестот 343 од 1971 година, додаде здружението, потсетувајќи дека „повеќе од 50 години подоцна, жените кои се ангажираат сè уште се изложени на навреди и дисквалификации“.
За време на прекинот на настапот во Фоли Бержер, четири члена на колективот НуТут скандираа „Абитан силувач“ и носеа маски со ликот на уметникот. Денот по прекинот, Брижит Макрон отиде на неговиот настап во Париз, каде што беше снимена како го поддржува зад сцената. Абитан беше обвинет за силување во 2021 година, но подоцна беше ослободен.
Потоа тој рече дека се плаши, на што Брижит Макрон се насмеа и му рече дека ако има „валкани кучки“, ќе бидат исфрлени.
Брижит Макрон првпат проговори за контроверзноста во интервју за „Брут“, нагласувајќи дека видеото од нејзината изјава за феминистките „апсолутно не било наменето за јавноста“ и дека не забележала дека некој ја снима.
Агенцијата „Бестимаж“, одговорна за дистрибуција на снимката, ја призна грешката.
„Жал ми е ако ги повредив жените жртви, мислам на нив и само на нив“, рече француската прва дама.
Сепак, таа одби да се извини, објаснувајќи дека ја презема одговорноста за своите зборови.
„Мислам дека сите имаме право да зборуваме и да размислуваме. Не сум секогаш само сопруга на претседателот, имам и приватен живот, а овој момент беше приватен“, рече таа.
По шокот предизвикан од изјавата на француската прва дама, многу жени одлучија да ја претворат навредата во слоган за афирмација на феминистичките цели и борбата против родово базираното насилство.
„Валканите идиоти“ од здруженија како NuTut прават повеќе од твојот сопруг, Брижит. Нема да заборавиме, Брижит“, одговори активистичката организација.


