Исчезна синот на Дидие Дрогба

Дидие Дрогба/ фото: EPA-EFE/FABRICE COFFRINI

Синот на легендарниот фудбалер на Челси и поранешен репрезентативец на Брегот на Слонова Коска Дидие Дрогба е исчезнат.

Фудбалерот на португалскиот второлигаш Академика, не се вратил во клубот откако отпатувал во Париз за да ги полага завршните испити на факултет. Сите обиди на луѓето од клубот да го контактираат биле неуспешни и никој не знае каде се наоѓа Исак Дрогба.

Исак Дригба има 21 година и настапува за вториот тим на Академија, тој игра на позицијата напаѓач, како и неговиот татко.

Интересно е што во вториот тим на Академија настапува уште еден син на легендарен фудбалер, тоа е синот на поранешниот португалски репрезентативец Руи Кошта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот