Фото: Profimedia

Иран тврди дека неговата понуда за Америка е „дарежлива и одговорна“

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, нагласи дека Пакистан, како официјален посредник меѓу Техеран и Вашингтон, ги продолжува своите активности во таа насока, додавајќи дека и други земји, вклучително и Катар, ги споделуваат своите мислења во процесот.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска го нарече одговорот на Техеран на најновиот американски предлог за завршување на војната „дарежлива и одговорна“ понуда, пренесе „Анадолија“.

– Не баравме никакви отстапки од САД, туку повикавме на завршување на војната и на запирање на поморската пиратерија против иранските бродови – рече Багеи, во изјава што ја објави државната новинска агенција ИРНА.

Запрашан за информациите за улогата на Катар во посредувањето со Вашингтон, Багеи рече дека Иран одржува контакти со различни земји во врска со тековните тензии, но дека „Пакистан продолжува да ја има улогата на официјален посредник“.

– Пакистан, како официјален посредник меѓу Иран и САД, ги продолжува своите активности во таа насока – нагласи тој, додавајќи дека и други земји, вклучително и Катар, ги споделуваат своите мислења во процесот.

Трамп експресно го отфрли иранскиот одговор на мировниот план – скокна цената на нафтата

Наведувајќи дека дипломатските процеси имаат свои правила, тој рече дека „страните вклучени во дипломатски процес мора да дејствуваат врз основа на своите национални интереси“.

– Иран ќе се бори секогаш кога тоа ќе биде неопходно и ќе ги искористи дипломатските можности секогаш кога ќе процени дека е соодветно – истакна портпаролот.

Иран вчера го испрати својот одговор на најновиот американски предлог за завршување на војната до пакистанските посредници, а американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „неприфатлив“.

Регионалните тензии ескалираа откако САД и Израел на 28 февруари извршија напади врз Иран, што предизвика одмазднички напади од Техеран врз Израел, како и врз американските сојузници во Заливот, заедно со затворањето на Ормускиот Теснец.

Примирје стапи во сила на 8 април со посредство на Пакистан, но разговорите во Исламабад не доведоа до траен договор.

Примирјето подоцна беше продолжено од Трамп без утврден краен рок, со што ѝ се отвори простор на дипломатијата за трајно решение на војната.

Сакам да ја сведам американската парична помош за израелската армија на нула, тврди Нетанјаху

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот