Доналд Трамп / Фото: EPA/YURI GRIPAS / POOL

Трамп експресно го отфрли иранскиот одговор на мировниот план – скокна цената на нафтата

Само неколку дена откако САД упатија понуда со надеж за рестартирање на преговорите, Иран вчера објави одговор фокусиран на прекин на војната на сите фронтови, особено во Либан, каде што американскиот сојузник Израел се бори против милитантите на Хезболах поддржани од Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп експресно го отфрли иранскиот одговор на американскиот мировен предлог, што денеска предизвика скок на цените на нафтата, поради стравувањата дека десетнеделниот конфликт ќе се одолговлекува, одржувајќи го парализиран бродскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец, објави „Ројтерс“.

Само неколку дена откако САД упатија понуда со надеж за рестартирање на преговорите, Иран вчера објави одговор фокусиран на прекин на војната на сите фронтови, особено во Либан, каде што американскиот сојузник Израел се бори против милитантите на Хезболах поддржани од Иран.

Техеран, исто така, вклучи барање за воена отштета и го нагласи иранскиот суверенитет над Ормускиот Теснец, објави иранската државна телевизија. Дополнително, беше упатен повик до САД да ја прекинат поморската блокада, да дадат гаранција дека нема да има понатамошни напади, да ги укинат санкциите и да ја прекинат забраната за продажба на иранска нафта, соопшти иранската новинска агенција „Тасним“.

Во рок од неколку часа, Трамп го отфрли иранскиот предлог со објава на социјалните мрежи.

„Не ми се допаѓа – тотално неприфатливо“, напиша Трамп на „Трут сошал“, без да наведе дополнителни детали.

Иран ја побива ЦИА, се фали дека има за 20 отсто повеќе ракети одошто на почетокот на војната

Додека Трамп бара поддршка од Кина пред посетата на Пекинг, тензиите ескалираат со напади од дронови во Заливот.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху инсистира на елиминација на иранската нуклеарна закана, додека иранскиот претседател Масуд Пезешкијан најавува непопустливост.

Притисокот врз САД расте поради високите цени на горивото и воздржаноста на НАТО-сојузниците за воена интервенција, правејќи го исходот на војната неизвесен пред претстојните избори.

Иран и Америка се натпреваруваат во водење инает

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот