Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи / Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Иран: Стармер ги става во опасност британските животи

Иран ќе го искористи своето право на самоодбрана

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, се огласи откако британската влада одобри користење на воени бази во Велика Британија за извршување напади врз ирански ракетни локации кои напаѓаат бродови во Ормускиот теснец.

„Мнозинството Британци не сакаат да учествуваат во никаква израелско-американска војна против Иран. Игнорирајќи го сопствениот народ, г-дин Стармер ги става во опасност британските животи дозволувајќи британските бази да се користат за агресија против Иран. Иран ќе го искористи своето право на самоодбрана“, напиша Аракчи на X.

Стармер претходно изјави:

„Нема да бидеме вовлечени во војна“.

Британските министри се состанаа денес за да разговараат за војната со Иран и блокадата на Ормускиот теснец од страна на Иран, според соопштението на Даунинг стрит.

„Тие потврдија дека договорот што им дозволува на САД да користат британски бази во колективната самоодбрана на регионот вклучува американски одбранбени операции за ослабување на ракетните позиции и можностите за напад врз бродови во Ормутскиот теснец“, се вели во соопштението.

Британците им дадоа зелено светло на САД за напади од нивните бази

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот