Фото:: ЕПА

Британците им дадоа зелено светло на САД за напади од нивните бази

Обединетото Кралство нема директно да учествува во нападите и дека „фундаменталните принципи на пристапот кон конфликтот не се менуваат“, нагласувајќи ја потребата од итна деескалација.

Велика Британија одобри користење на своите воени бази од страна на САД за напад врз ирански цели поврзани со напади врз бродови во Ормускиот теснец.

Британските претставници изјавија дека одлуката е донесена на состанок на кабинетот и се однесува на продолжување на претходното овластување според кое американските сили би можеле да ги користат британските бази за одбрана од ирански напади, јавува Ројтерс.

Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека базите сега ќе бидат достапни за „американски одбранбени операции“ фокусирани на „способностите што се користат за напад врз бродови во Ормускиот теснец“. Тие нагласија дека Обединетото Кралство нема директно да учествува во нападите и дека „фундаменталните принципи на пристапот кон конфликтот не се менуваат“, нагласувајќи ја потребата од итна деескалација.

Војната меѓу Иран и Израел и САД трае веќе три недели, откако Израел започна напади врз ирански воени и нуклеарни цели, со поддршка на САД. Иран возвраќа со ракетни напади врз израелски цели и американски интереси во регионот, а конфликтот се прошири и на поморските патишта.

Ормускиот теснец, низ кој минуваат голем дел од светските резерви на нафта, стана една од клучните точки на кризата. Нападите врз бродовите и заканите за затворање на преминот веќе сериозно го нарушија сообраќајот и драматично ги зголемија цените на енергијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот