Амирхосеин Хатами / Фото: Приватна архива

Иран погуби 18-годишно момче

Судството соопшти дека 18-годишниот Амирхосеин Хатами бил прогласен за виновен за влегување во ограничен воен објект во Техеран, за оштетување и за палење на објектот, како и за обид да заплени оружје и муниција, обвиненија што наводно ги признал за време на испрашувањето.

Момче осудено за учество во напад врз доверлив воен објект за време на јануарските протести во Иран беше обесено денеска откако неговата жалба беше одбиена, а Врховниот суд ја потврди пресудата, објави „Иран хјумен рајтс“.

Судството соопшти дека 18-годишниот Амирхосеин Хатами бил прогласен за виновен за влегување во ограничен воен објект во Техеран, за оштетување и за палење на објектот, како и за обид да заплени оружје и муниција, обвиненија што наводно, според извештајот на иранските власти, ги признал за време на испрашувањето.

Минатиот месец, првиот заменик-претседател на судството, Хамзех Халили, изјави дека случаите поврзани со јануарските протести — национално антивладино движење задушено во, како што тврдат властите, најголемата репресија во историјата на Исламската Република — биле завршени и дека казните веќе се спроведуваат.

Хатами беше меѓу 11-те мажи за кои организацијата за човекови права „Амнести интернешнел“ предупреди дека се соочуваат со непосреден ризик од егзекуција и дека биле „подложени на тортура и за друго малтретирање во притвор, пред да бидат осудени во грубо неправедни судења што се темелеле на присилни признанија“.

Минатиот месец, Иран погуби тројца мажи осудени за убиство на двајца полицајци за време на јануарските протести, што предизвика загриженост кај организации за човекови права, како Хенгав, дека Техеран ги засилува егзекуциите на политички затвореници и демонстранти во услови на растечки воен и меѓународен притисок.

Иран погуби човек обвинет за шпионажа за Израел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот