Иран погуби човек обвинет за шпионажа за Израел

Иранскиот судски портал „Мизан“ денес објави дека Хамидреза Сабет Есмаелипур е погубен за шпионажа и соработка со израелската разузнавачка служба Мосад.

Есмаелипур е уапсен на 29 април 2025 година, а неговата казна е потврдена од Врховниот суд на Иран, се вели во соопштението, пренесува Ројтерс.

„Хамидреза Сабет Есмаелипур е обесен за кривично дело шпионажа и пренесување доверливи документи и информации на непријателска разузнавачка служба, откако беа спроведени сите законски процедури“, рече Мизан.

Иран во текот на годините егзекутираше неколку лица обвинети за врски со Мосад и олеснување на неговите операции во земјата.

Егзекуциите значително се зголемија од минатата година, по конфликтот меѓу Иран и Израел во јуни, кога израелските и американските сили извршија напади врз иранските нуклеарни постројки, објави Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот