Аеродромот во Техеран / Фото: Википедија

Иран отвори шест аеродроми за меѓународни летови

Воздушниот простор на Иран беше делумно повторно отворен утрово, а меѓународните летови беа повторно дозволени над источниот дел од земјата, објави Tајмс оф Израел, а исто така утринава имало бродови кои поминале низ Ормутскиот теснец.

Воздушните коридори во источниот дел од земјата се отворени за меѓународни летови, а неколку аеродроми беа повторно отворени во 7:00 часот по локално време, објави новинската агенција Тасним, повикувајќи се на порака НОТАМ (Известување до пилотите и воздухопловците) до пилотите ширум светот во контекст на прекин на огнот во војната на Блискиот Исток.

Според веб-страницата за следење на летови FlightRadar24, непосредно пред 7:00 часот по локално време, ниту еден авион сè уште не прелетал над Иран, кој го затвори својот воздушен простор на 28 февруари на почетокот на израелско-американската офанзива на негова територија.

Иран објави дека отворил шест аеродроми во земјата, вклучувајќи го и оној во Техеран.

Исто така, група од осум танкери денес минуваше низ Ормутскиот теснец. Групата, составена од еден многу голем танкер за сурова нафта, неколку танкери за нафтени производи и хемикалии и танкер за течен нафтен гас, минала низ иранските води јужно од островот Ларак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот