Иран го одложи погребот на Хамнеи
Иран го одложи државниот погреб на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, кој беше закажан за вечерва во Техеран, поради „очекувана невидена посетеност“ бидејќи земјата се соочува со масовни израелско-американски напади.
Препорачано
Церемонијата на збогување за „маченичкиот имам“ е одложена, а нов датум ќе биде објавен подоцна, објави иранската државна телевизија, откако Хамнеи беше убиен во американско-израелските напади за време на викендот.
Координативниот совет во Техеран соопшти дека погребот на Хамнеи е одложен за да „се даде време за проширување на инфраструктурата поради огромната побарувачка од целата земја“.
Според Советот, „Големата џамија во Техеран требаше да биде домаќин на церемонијата, но поради широката желба на луѓето да учествуваат на церемонијата и потребата да се обезбеди потребната инфраструктура, настанот беше одложен“.
Се забележува дека утрово беше објавено дека церемонија на збогување ќе се одржи вечерва во Техеран пред телото на Али Хамнеи, кој беше убиен на 86-годишна возраст во напад и се очекува да биде погребан во светиот град Машхад (североисточен Иран) од каде што потекнува.
ВИДЕО | Зградата каде требаше да се избере наследникот на Хамнеи е срамнета со земја


