ИПИ: Египет мора да ослободи најмалку 57 новинари од затвор

Египет мора да ослободи најмалку 57 новинари од затвор, соопшти Меѓународниот институт за медиуми, ИПИ.

Во соопштението на глобалната мрежа на уредници, директори на медиуми и новинари, кои се борат за слобода на медиумите, се наведува дека поголемиот број уапсени новинари се обвинети за злосторства поврзани со тероризмот или за кривични дела – ширење противдржавни или лажни вести, а во многу случаи новинарите се во затвор без да се подигне официјално обвинение.

– Во текот на минатиот месец уапсени се најмалку 21 новинар во Египет, од кои најмалку 11 се сè уште во затвор – истакнува ИПИ.

Според ИПИ, последниот бран апсења се случи на 20 септември за време на малите антивладини протести ширум Египет.

– Најмалку 57 новинари во моментот се зад решетки во Египет. Меѓународните партнери на Египет не можат повеќе да ги игнорираат масовните кршења на основните права и на владеењето на правото, што ги поткопува тврдењата за демократско владеење, изјави директорот на секторот за застапување на ИПИ, Рави Р. Прасад.

Статистиката на ИПИ е заснована на независни истражувања во соработка со групите за заштита на човековите права во Египет, вклучително и Египетската комисија за права и слободи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот