Инзаги и неговиот „италијански Ливерпул“ се врати во Серија А
И официјално клубот се врати во Серија А после триумфот над Јуве Стабија од 1:0 на седум кола пред крајот на сезоната.
Следната натпреварувачка сезона екипата на Беневенто повторно ќе настапува во најсилното италијанско првенство.
Препорачано
И официјално клубот се врати во Серија А после триумфот над Јуве Стабија од 1:0 на седум кола пред крајот на сезоната.
На тој начин Беневенто чиј тренер е поранешната ѕвезда на Милан, Филипо „Пипо“ Инзаги, ја освои титулата во Серија Б.
После две години екипата се враќа во елитата, потсетување во својата прва историска сезона во Серија А завршија на дното на табелата како едни од најлошите во историјата на Топ 5 европските лиги.
На 31 одигран натпревар, Беневенто има само еден пораз, седум нерешени и 23 победи. За првпат уште од сезоната 1997/98, еден клуб од Серија Б на седум кола пред крајот да обезбеди пласман во најсилното друштво.
Инзаги веќе размислува за новата сезона во Серија А, се планираат засилувања, според италијанските медиуми можно е да биде ангажиран Лоик Реми, поранешен фудбалер на Челси, на кој му истече договорот со Лион ќе биде вистинско засилување во составот на Инзаги за Серија А.
А исто така се шпекулира дека клубот води разговори уште со Камил Глик и Андре Ширле.


