Институција за „присилно вдомување“ во Саксонија: Германците бараат присилни мерки за лица кои не почитуваат карантин

Знак кој ги предупредува Германците да носат маски/ Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Германската покраина Саксонија е на праг да формира институција за „присилно вдомување” на оние кои повеќепати биле фатени како го прекршуваат карантинот како мерката во борбата против ковид-19, објави весникот „Билд“.

За оваа цел се планира повторно опремување на центарот за прием на бегалци што беше изграден во 2017 година во Дрезден. Според весникот, во пролетта во 2020 година, министерката за здравство на Саксонија, Петра Копинг предложила испраќање на непочитувачите на карантин во психијатриски болници. Овие планови беа откажани, како и идеите за нивно сместување во хотели или болници.

Кои ќе бидат условите и трошоците за сместување во новата институција не е објавено. Сепак, областа е оградена и полицијата ќе набљудува.

Министерството за социјална заштита ги потврди плановите на публикацијата за повторно опремување на центарот. Во исто време, „присилното сместување” може да биде залуѓето кои повеќепати правеле прекршоци.

– Редоследот на постапување е етапен: упорен предлог, парична казна, судски налог, соопшти Министерството.

Министерството за здравство мора да го достави барањето до судот. Во Саксонија досега немало такви преседани, но властите сакаат да се подготват, наведува Билд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот