Интер не се откажува од ангажман на Лукаку – Слободен печат
СпортФудбал

Интер не се откажува од ангажман на Лукаку

Иако во моментов нема 80 милиони евра, Интер бара нови сценарија по кои би успеал да го доведе напаѓачот на Манчестер јунајтед.

Екипата на Интер има големи планови за наредната сезона во која ќе се обидат да ја прекинат доминацијата на Јувентус во Серија А. Како еден од главните адути во битката со Јувентус за титулата, тренерот Антонио Конте го гледа во напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку но не може да го реализира трансферот.

Управата на англискиот тим не отстапува од своите барања, 80 милиони евра за да го пушти Лукаку, сума која во моментов  Интер ја нема.

Затоа Конте е подготвен да продаде двајца фудбалери за да собере пари за ангажман на белгискиот репрезентативец. Интер и Конте ги ставија на трансфер листата, Португалецот Жоао Марио и Бразилецот Далбер и од нивната продажба очекува околу 40-45 милиони евра.

Нивна можна дестинација е Франција, Олимпик Лион е подготвен да плати 18 милиони евра за Далбер, додека за Жоао Марио, најголем интерес пројавува Монако кој нуди 22 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close