Интер ја спушта топката, бара четворица играчи на Барса за Лаутаро

twitter/AfricaZilla

Барселона како главен приоритет во летниот преоден рок го означи напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез. Управата на Барселона се обидува на секакви начини да се договори со Интер но засега не им поаѓа од рака.

Откупната клаузула на Мартинез од 1. до 15. јули ќе изнесува 111 милиони евра, но повеќе од сигурно е дека Барселона нема толку пари за да ја активира клаузулата.

Весникот „Газето дело Спорт“ денеска пренесува дека во Интер мора сериозно да размислат за размена со Барселона и дека веќе имаат понуда на маса, четворица играчи на каталонскиот клуб во замена за Лаутаро плус пари.

Барселона ги нуди Артуро Видал, Карлес Алења, Нелсон Семедо и Марк Кукуреља.

Интер сакаше во понудата да биде вметнар и Артур, но бразилскиот репрезентативец е недопирлив и нема шанси да биде продаден.

Тренерот на „нероаѕурите“ Антонио Конте го сака по секоја цена Артуро Видал, додека по вкусот на Италијанецот се и Алења и Семена, но проблем во реализација на трансферот може да претставува Кукуреља кој не е доволно интересен за Интер.

Сепак, „Газета дело Спорт“ пишува дека Интер сериозно размислува да ја прифати оваа понуда на Барселона која е подготвена да доплати околу 30 милиони евра, бидјеќи Лаутаро веќе ги известил челниците на екипата дека сака да игра покрај Меси и затоа нема да прифати нов договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот