EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Интер ја наполни касата и ќе тргне по засилувања

Италијанскиот шампион мора да ја засили екипата доколку сака успех во Лигата на шампионите.

Еден од најдобрите играчи на Интер минатата сезона, Ашраф Хакими за сума од 60 милиони евра, плус дополнителни бонуси од 11 милиони, потпиша за францускиот ПСЖ како дел од планот на „неразурите“ да ги испеглаат финансиите.
Одлуката на управата на Интер беше болна но неопходна, а при преговорите со Симоне Инзаги кој го наследи Антонио Конте на клупата, му беше кажано дека дел од играчите ќе мора да си заминат за да може да се финансираат нови засилувања.

За очекување е да не дојдат големи ѕвезди, а тренерот Инзаги веќе има список на желби.
Прва мета на Интер е фудбалерот на ПСВ, Дензел Дамфрис кој беше од најдобрите играчи на Холандија на ЕП, но проблем претставува сумата која ја бараат Холанѓаните. ПСВ нема намера да го пушти Дамфрис за помалку од 20 милиони евра, поради што во Интер размислуваат за Ектор Белерин од Арсенал.
Инзаги сака во Интер да го донесе Лазари од Лацио, но тука проблем е првиот човек на „лацијалите“, Клаудио Лотито кој е гневен поради тоа што Интер му го „украде“ тренерот. Лотито за Лазари бара 25 милиони евра.
Како решение во нападот и тоа како замена за Лукаку, Лаутаро и Санчез, се споменува Балде Кеита кој најдобриот фудбал го играше кога тренер му беше токму Симоне Инзаги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот