Интер го тужи „Кориере дело Спорт“

twitter/inter

Најтиражниот спортски весник во Италија, „Кориере дело Спорт“ објави писмо на еден навивач во кое Конте беше нарекуван со погрдни имиња, а учинокот на Интер во Лигата на шамионите беше омаловажуван.

„Нероаѕурите“ како знак на протест, најпрво ја откажаа прес конференцијата пред натпреварот со Фиорентина, а веднаш потоа се одлучија и за уште еден чекор, поднесоа тужба против весникот.

– Се е во рацете на адвокатите, тоа не беше моја одлука или избор, туку така одлучија челниците на екипата. Доколку сакаме да испратиме вистинска порака, тогаш мораме да покажеме респект кон сите. Од мене бараат да се извинам поради откажаната прес конференција, но можам да им порачам дека треба да се срамат – изјави Конте кој немаше милост кон весникот:

Погледнете што прави тој весник. Неодамна имаа насловна страница со расистичка порака, а пред тоа сами објавија дека Синиша Михајловиќ боледува од леукемија, еден ден порано пред тој тоа да го каже јавно, иако ги замоли тоа да не го прават. Некои граници мора да постојат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот