Интер ги подготви парите само за да се ослободи од Алексис Санчез

Алексис Санчез има понуда да игра во Франција/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез наскоро ќе мора да побара нов клуб, пренесува новинарот Николо Скира.

Раководството на Интер сака да го раскине договорот со 33-годишниот напаѓач и е подготвено да му плати на играчот пет милиони евра.

Договорот на Санчез со Интер трае до летото 2023 година, но очигледно не е во плановите на тренерот Симоне Инѕаги, кој следната сезона ќе го има на располагање Ромелу Лукаку, кој се врати од Челси на стадионот „Џузепе Меаца“.

Чилеанецот минатата сезона одигра 27 натпревари во италијанскиот шампионат и запиша пет гола и две асистенции.

Француските медиуми пренесуваат дека тој би можел да ја продолжи кариерата во Олимпик од Марсеј.

Искусниот фудбалер во 2019 година дојде во Интер на позајмица од Манчестер јунајтед. Претходно играше и за Кобрело, Удинезе, Коло Коло, Ривер Плата, Барселона и Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот