Институцијата Народен правобранител во тотална блокада – вработените кои ќе останат без плата бараат итно решение од Собранието

Од Нова година доколку не биде избран нов Народен правобранител, институцијата стапува во тотална блокада бидејќи Собранието половина година не избра заменик на Насер Зибери кој во јули замина во пензија, а веќе и на неговиот заменик Илбер Руфати му истекува полномошното кое Зибери му го даде за да потпишува.

Повеќе од осумдесет вработени во институцијата за заштита на човековите слободи и права ќе останат без плата, нема да може да се плаќа кирија во просториите кои ги има изнајмено институцијата, тековните трошоци и обврски по склучени договори за јавни набавки.

Во писмо до Собрание тие бараат законодавниот дом итно да избере нов правобранител и да најде решение како да функционира институцијата во оваа безизлезна ситуација без да ги крши уставните, законските и другите правни одредби. Иако писмото е испратено на 11 декември, тие се уште немаат одговор од Собранието, па апелот го испратија до медиумите и сите странски амбасади во земјава.

– Со тоа од 1.01 2026 година доколку не биде избран нов народен правобранител, институцијата стапува во фаза на тотална блокада во која пред се најмногу ќе биде оштетена самата служба на Институцијата за заштита на човековите права со преку неможноста да и биде исплатена плата и основни придонеси од редовниот работен однос – се вели во дописот од институцијата.

Насер Зибери замина во пензија во јули, а оттогаш во Собрание нема избрано нов Народен правобранител. За овој закон е потребно Бадинтерово мнозинство кое власта сега го нема.

Адвокатот на граѓаните десеткуван пред избори

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот