Инспирација за утрешниот празник: Што да подарите, а да биде ефектно?

Подароци/Пиксабеј
Подарок/Пиксабеј

Меѓународниот ден на жената секоја година се одбележува со „море“ цвеќиња, слатки… Овој празник за некого е надминат, а подарокот за 8ми март се доживува како начин на кој треба да се тргне вниманието од важните проблеми со кои жените секојдневно ги соочуваат.

Сепак, ниедна жена нема да остане рамнодушна на искрен подарок, со кој ќе ја опсипете со љубов и почит.

Многу жени, како и мажи, сакаат практични подароци кои ќе им го олеснат секојдневниот живот. Но, кога е во прашање 8ми март, заборавете на куќни апарати, лонци, тенџериња и тави. Ве замолуваме.

За овој празник, жената што ја сакате и цените, израдувајте ја со нешто лично, што потсетува на неа, а таа ќе биде задоволна, среќна и испочитувана.

Цвеќе

Колку и да ви изгледа банално и премногу пати видено, цвеќето е засекогаш убав подарок.  За да биде поефектен подарокот, распрашајте се и дознајте кое е омиленото цвеќе на вашата сакана и порачајте убав букет или распар од омилените цвеќиња. Со искрена посвета и честитка за денот, сигурно нема да погрешите.

Добар избор на чоколада

Ако не сте сигурни дека подарокот за кој сте намислиле да го купите е соодветен, чоколадата е вечен избор. Добро спакуван асортиман од чоколатерија или добар аранжиран букет со омилени мини чоколади за вашата најдрага ќе бидат одлична шанса да ја израдувате. Дополнете го подарокот со еден цвет и автентична порака.

Ликер и вино

Ароматизирано вино, ликер со омилениот вкус на вашата драга е убав и луксузен подарок кој можете да го искомбинирате и со мала кошница со овошја. Верувајте дека ќе биде изненадена.

Ваучери за масажа/спа

Секоја жена сака да одмори малку од секојдневните обврски, а најубав начин да честитате празник е со ваков подарок – подарок за време поминато сама со себеси. Ова е уникатен подарок.

Часовник/белегзија

Многу жени носат часовник или белегзија, како дел од секојдневниот накит. Изберете нешто што вашата дама го сака или барем ви предочила нешто што и е омилено. Овие подароци се практични, а истовремено значајни и се навистина убаво внимание.

Миризливи свеќи

Многу жени сакаат декоративни свеќи и уживаат во нивните мириси. Можете да набавите ароматераписки, релаксирачки, енергизирачки, секакви типови свеќи, а има и такви како пловки за када и капење. Ова е убав, практичен и подарок кој сетилно им значи на жените што сакаат етеричност во својот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот