Иниеста: Никогаш нема да се повтори „златната“ генерација на Барселона (ВИДЕО)

фото: твитер

– Се концентрирате на своите дневни должности, и натаму имате одличен тим околу вас – вели 35-годишниот играч од средниот ред.

Легендарниот Андрес Иниеста смета дека Барселона тешко ќе повтори генерација слична на неговата. Но, од друга страна не гледа зошто некои идни генерации не би можеле да имаат слични успеси.

Иниеста беше еден од оние кои поминаа низ легендарната „Ла Масија“ заедно со Меси, Пујол, Пике, Бускетс…Барса целосно доминираше со нив во Шпанија и вкупно четирипати во девет години ја освојуваше Лигата на шампионите.

Таквата генерација нема да се повтори, но она што следува не мора да биде полошо во однос на резултатите. Пујол си замина, па Виктор Валдес, Чави … Човекот се концентрира на своите дневни должности, и натаму имате одличен тим околу вас, врвни фудбалери – рече 35-годишниот играч од средниот ред за „Гардијан“.

Во 2018 година, после повеќе од 650 настапи, ја напушти Барселона, а сега е член на јапонскиот Висел Кобе.

Моментно сакам да ја продолжам мојата професионална фудбалска кариера што е можно повеќе, сакам да ја шутирам топката додека можам, затоа што тоа ме прави среќен. Јас имам договор до 2021 година, но секогаш оценувам на крајот на сезоната дали се чувствувам добро, мотивирано. Кога кариерата ќе заврши, секогаш велам дека би сакал да се вратам во Барса. Прашањето е како и во која улога, зависи и од тоа кој е во клубот, но има време до тогаш – додаде Иниеста.

Со каталонскиот гигант освен што е четирикратен европски првак, вкупно деветпати доаѓаше до трофејот во „Ла Лига“, седум титули во шпанскиот Суперкуп, шест во „Копа дел Реј“, а по три во УЕФА Суперкупот и ФИФА Светското клупско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот