ИНФОГРАФИК: На Македонија женско и е само името! (ПРВ ДЕЛ)

Македонија и во 21 век е машка држава. Иако во јавноста постојано се зборува за родова рамноправност, на големо се слави 8 март и се потенцираат правата на жените, сепак, понежниот пол и натаму е дискриминиран во сите сфери на општетсвото.

„Слободен печат“ веќе објави неколку написи поврзани со родовата дискриминација, а сега, во серијал од три дела, ќе ви ја претставиме состојбата со застапеноста на жените во политиката и на поважните јавни функции.

Македонија досега немала жена претседател

Од независноста па досега, на оваа функција немало ниту една припадничка на понежниот пол. Сепак, прва кандидатка која учествуваше на изборите во 2009 година беше Мируше Хоџа од ДПА која не влезе во вториот круг. Вториот претставник на понежниот пол е актуелната кандидатка Гордана Силјановска Давкова за која по 5 мај ќе дознаеме дали ќе биде избрана за прва Претседателка на Република Северна Македонија.

Само една жена седела во премиерската фотелја

Во историјата на независна Македонија на функцијата Претседател на Владата (Премиер), само една дама ја извршуваше оваа должност. Радмила Шекеринска во два наврати седеше на премиерската фотелја, но по еден месец.

Министерки колку да се рече

Во актуелниот состав на Владата на Република Северна Македонија од вкупно 22 министерски места, само четири се резервирани за припадничките на понежниот пол.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот