Инфо сесии за брзо економско заздравување – интересот на компаниите голем

ФИТР Фото: МИА

Околу 1.000 домашни компании аплицирале по објавувањето на јавниот повик за технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД-19 на Фондот за иновации и технолошки развој.

Фондот за иновации и технолошки развој од денеска, во соработка со неколку стопански комори ја почнува најавената серија инфо сесии. Согласно новонастанатите услови тие се оддржуваат онлајн, а првата е со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).

– Големиот интерес покажува дека на домашните компании им е потребна поддршка. Ова е една од мерките од третиот пакет економски мерки на Владата која е веќе функционална и со која се обезбедува реална поддршка за економскиот сектор. Овој инструмент е наменет за брзо економско заздравување, вели директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

Фондот обезбеди и бесплатна техничка помош за потенцијални апликантни со надворешни експерти во неколку области, меѓу кои дефинирање на бизнис можностите и изработка на квалитетен предлог проект. Консултантските сесии исто така се одвиваат онлајн.

Јавниот повик за технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД-19 е наменет за микро, мали и средни компании со потенцијал за успешно работење. Иницијалниот буџет на јавниот повикот е 200 милиони денари.

Финансиската поддршка е структурирана по големина на компанијата и тоа до 750.000 илјади денари за микро, 1.5 милиони денари за мали и до три милиони денари за компании со средна големина и не може да надмине 70 отсто од вкупниот буџет на инвестицијата. Останатите 30 проценти се средства кои ги обезбедуваат самите компании.

Новина во повикот се и критериумите за оценување, во делот на поттикнување на учество на компании со жени во управувачката односно сопственичката структура. Исто така, посебен систем за бодување е предвиден за компании што доаѓаат од помалку развиените региони, кои ќе имаат и предност при селекцијата. Повикот е отворен до 29.06.2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот